Прв SUV кабриолет од Volkswagen: зеленото светло за нов кабриолет базиран на T-Roc

2018-02-28

Прв SUV кабриолет од Volkswagen: зеленото светло за нов кабриолет базиран на T-Roc

Д-р Херберт Диес, извршен директор на брендот Volkswagen, вели: "Volkswagen се развива во SUV бренд. T-Roc веќе поставува нови стандарди во сегментот за компактен SUV. Со кабриолетот базиран на T-Roc, ќе додадеме високо емотивен модел на опсегот. Посебно задоволство ми е да истакнам дека можеме да сметаме на децениското искуство на тимот на Оснабрик со производството на кабриолет. Фабриката во Оснабрик сега има светла перспектива за иднината".

Тековните SUV возила моментално даваат клучен придонес во развојот на Volkswagen. Со испорачаните 720.000 возила Tiguan, овој автомобил е меѓу 10-те најпродавани модели во светот. До 2020 година, брендот има намера да го прошири својот SUV опсег низ целиот свет на 20 модели. Дотогаш, околу 40 проценти од возилата што ги продава Фолксваген треба да бидат SUV. Со новиот кабриолет базиран на T-Roc, Volkswagen дополнително ќе го зајакне своето присуство во сегментот за компактен SUV, кој претставува еден од најбрзо растечките сегменти на светските автомобилски пазари.

Инвестицијата од повеќе од 80 милиони евра во производството на новиот кабриолет ќе овозможи сеопфатна модернизација на производствената технологија и логистика во фабриката во Оснабрик. По фазата на подготовка, планиран е производствен волумен до 20.000 возила годишно.