Новиот T-Cross - "Повеќе од SUV"

2018-07-18

→ T-Cross ќе ја прошири SUV програмата под T-Roc

→ Иновативниот просторен патнички концепт нуди максимална флексибилност

→ Благодарение на MQB платформата: голем број на системи за помош кои досега беа достапни во повисоките класи на возила, влегуваат во помалите возила

 

- T-Cross претставува лансирање на нова SUV форма во гамата на Volkswagen.

Претставен во 2016 година на саемот во Женева како многу очекувана студија, овој модел сега се движи во правец на вистинско производство. Со T-Cross, Volkswagen го проширува спектарот на SUV возила кој одсега ќе вклучува и мал модел. "Повеќе од SUV" - тоа е барањето со воведувањето на Т-Cross. Затоа "повеќе" треба да се сфати како програма: нудејќи повеќе, но сепак не чини повеќе. Светската премиера на новиот T-Cross ќе се одржи на есен. Дотогаш, Volkswagen ќе го скрати времето на чекање со прв поглед на идниот SUV во класата на мали возила.

T-Cross, T-Roc, Tiguan, Tiguan Allspace и Touareg сега ќе бидат петте SUV формати на брендот во Европа. Но, новиот T-Cross ќе го збогати SUV опсегот во Кина и во Јужна Америка. Volkswagen со должина 4,107 mm е дизајниран со харизма, функционално концептуализиран и умно изграден. Подготвен за мали и големи авантури и внатре и надвор од урбаната џунгла.

Модуларната попречна матрица (MQB) создава изненадувачки простор. На пример, задното седиште може да се прилагоди по должина - за повеќе простор за колената или повеќе простор за багаж. Позитивното влијание на модуларната попречна

матрица влијае на сите области. Така, T-Cross влегува на пазарот како еден од најбезбедните возила од својата класа, гарантиран преку одличната безбедност при несреќи и големиот спектар на системи за помош.