Новиот T-Cross - Volkswagen го промовира комплетно новиот компактен SUV

2018-09-12

→ Урбан SUV: кул изглед со максимална прерсонализација

→ Дизајнерите отхрија како го развија новиот T-Cross

 Започнува одбројувањето до официјалното лансирање на новиот T-Cross. Светската премиера на најкомпактниот SUV на Volkswagen ќе биде оваа есен. Со слоганот "Јас сум повеќе", овој нов модел ќе се појави на пазарите низ Европа на пролет. Овој слоган претставува спој на практичноста, модерниот дизајн и безбедноста.

Во надворешноста: T-Cross го карактеризира харизматичност и мускулест изглед. На предната страна, хаубата и предните светла се интегрирани во надворешнста во скоп на предната маска во една доминантна дизјанерска целина. Од страните, забележителни се острите линии кои го даваат карактерот на целокупниот дизајн. Формирајќи моќна странична секција која се преточува во целина карактеризирајќи го новиот дизајнерски елемент во задниот дел, кој преминува попреку целиот заден дел со нагласени црни елементи.

Примери за боја и нивоа на опрема: двобоен дизајн го поврзуваат свежиот, спортски стил на ентериерот и дванаесетте бои на надворешноста. Новиот T-Cross, исто така ќе биде достапен во различни верзии со двобојни комбинации, кои ќе бидат достапни како опција штом се појавни на пазарот наредната година.

Во внатрешностар: во рана фаза на развој, дизајнерите се нурнаа во пространиот ентериер - практично  користејќи аугментирана реалност. Тие ја тестираа ергономијата, како и амбиентот и го доживеаа новиот T-Cross во целост, со цел понатамошно усовршување. Во исто време, тие добија чувство за првото искуство што ќе го добијат новите купувачи кога нивните плеј-листи од паметните леелефони и медиа библиотеките со стриминг услугите, за прв пат ќе зазвучат низ внатрешноста на новиот SUV преку звучниот систем BEETS.