Volkswagen ID. R е тркачки автомобил на годината

07.12.2018

- Auto Bild Motorsport го нарече електричниот прототип "технолошка пресвртница"

- Списанието BBC Top Gear го пофали R како "образец за успех на Pikes Peak"

Со искачувањето на легендарниот рид Pikes Peak, целосно електричниот Volkswagen ID. R веќе го доби реномето на вистински тркач. Прототипот за спортски автомобил од 500 kW (680 КС) сега е двапати крунисан за "тркачки автомобил на годината" - од специјализираното германско списание Auto Bild Motorsport и од британскиот автомобилски магазин BBC Top Gear. Ова признание од две реномирани списанија со голема циркулација следи една година на успех на патеката.

Конкрајот на јуни, Ромен Дума постави нов рекорд од 7: 57.148 минути со I.D. R на "Трката до облаците" - Pikes Peak, разбивајќи го претходниот рекорд на крајно тешкиот 19,9 километарски рид за 16 секунди и се појави на насловните страни низ целиот свет. Овој триумф го направија I.D. R првиот целосно електричен тркачки автомобил кој излезе на врвот во директна спортска конкуренција со автомобили со погони од мотори со внатрешно согорување. I.D. R е претходник на мотоспорт семејството I.D. на Volkswagen на електрични автомобили.

"Сакавме да постигнеме две работи со I.D. R. Поставувањето на нов рекорд на Pikes Peak покажа како може електромобилноста да биде динамична, емоционална и моќна", рече директорот на Volkswagen Motorsport Свен Смец, кој ја доби наградата од Auto Bild Motorsport на официјалната гала за време на Саемот за автомобили во Германија. "Кога станува збор за спортски резултат, многу ги надминавме нашите очекувања и го завршивме најбрзото искачување на Pikes Peak во историјата на патеката. Сепак, со оглед на тоа што овие две популарни списанија од Германија и Велика Британија ги признаваат овие напори и го крунисаат I.D. R за "Тркачки автомобил на годината", го нагласува фактот дека и ние ја постигнавме нашата цел од аспект на комуникацијата. Ние сме воодушевени од овие награди".

"Технолошка пресвртница", "целосна и усовршена" - пофалба за I.D. R

За да го оправдат изборот на "Тркачки автомобил на годината", уредниците на Auto Bild Motorsport не се воздржуваа од пофалби: "Ова е најбрзо искачување на автомобил што некогаш е изграден, а во исто време и технолошки пресврт". Списанието Gear исто така се фокусираше на иновативниот концепт. "Се напојува со електрична енергија не само за да му се спротивстави на кислородниот глад на висока надморска височина, туку и да развие моментален вртежен момент неопходен за забрзувањето. Толку комплетна, толку искрена, сигурно I.D. R сега е дефиниција за успех на Pikes Peak", пишува магазинот BBC Top Gear.