Volkswagen Multivan и Amarok ја добија наградата „Auto Trophy 2018“

2018-12-07

- Multivan секогаш победува: избран за најпопуларен ван 11 пати по ред

Двојна победа: Volkswagen Комерцијални возила (VWN) Multivan и Amarok убедливи во "Auto Trophy", анкета на читателите на AUTO ZEITUNG. Двата модели ги ги освоија своите категории - Multivan по единаесеттиот пат во Ван категоријата, Amarok V6, првпат во новите категории на пикап.

Multivan е избран за најпопуларниот ван со освоени 23 000 гласови, или 30,5% од читателите на "AUTO ZEITUNG" во оваа категорија. Со ова гласање, Multivan продолжува да доминира во својата категоријата, која претставува најголемата категорија за избор на возило помеѓу 14 кандидирани модели. За Volkswagen Multivan оваа награда претставува веќе единаесетта победа доделена од читателите на "Auto Trophy" по ред.

Во категоријата за пикапи, Amarok беше убедлив за читателите. Пикапот со својот V6 мотор, од 258 КС и вртежен момент од 580 nm, го освои првото место со 29 отсто од гласовите. Претходно, претставниците на меѓународните медиуми по вторпат го изгласаа Amarok како "Меѓународен пикап"- единствениот од ваков вид.

"Auto Trophy" наградата беше вкупно доделена на 31 победник во својата категорија од страна на AUTOZEITUNG во 2018 година. Вкупно 23.083 читатели во 22 национални категории можеа да изберат од 42 марки и 207 автомобили. Покрај тоа, имаше седум меѓународни категории во кои читатели од други европски земји и од САД би можеа да гласаат.