Мени
Затвори мени

Новиот Passat.

 

Поголем квалитет на живот со поголем комфор.

Припаѓате ли и вие кон луѓето кои се многу зафатени, кои често се на деловни патувања или приватно управуваат со семејното секојдневие? Тогаш вистинското за вас е доверливо возило на ваша страна. Новиот Passat е и многу повеќе од тоа: Негова работа е да ја олесни вашата работа. Благодарение на неговите функции кои интуитивно се ракуваат, секое возење ќе се претвори во искуство на највисоко ниво на комфор.

Надворешност Елеганција и динамика - под еден покрив.

Успешна комбинација од спортски дух и хармоничен тек на линии: Динамичниот дизајн со впечатлива светлосна сигнатура на новиот Passat му подарува суверен и самоуверен изглед.

Внатрешност Дополнително осмислен концепт за простор.

Внатрешната опрема не се грижи само за комфор на највисоко ниво, туку и за пријатно чувство на простор. Кон врвните карактеристики се вбројуваат и висококвалитетните седишта и украси.

Амбиентално осветлување Поставете индивидуални светлосни акценти.

Опционалното амбиентално осветлување со интензитет кој може да се регулира се грижи за импресивно и уникатно чувство на простор.

Комфор

Passat на многу начини импресионира со комфорни функции, кои придонесуваат за Вашата благосостојба на долги, како и на кратки патеки.

Дигитален кокпит

Интерактивен и со висока резолуција

Аналогноста е минато. По желба заменете ги класичните кружни инструменти со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот дигитален кокпит може да ви даде информации, кои се протегаат надвор од брзината и приказот за гориво.

Дознајте повеќе

Easy Open. Отворете го багажниот простор брзо со стапалото.

Замислете, вашето релаксирање започнува уште пред да тргнете. Со опционалниот пакет "Easy Open" можете да ја отворите електричната врата од багажниот простор само со мало движење на стапалото под задниот дел на возилото.

Дознајте повеќе

Безбедносни системи

Безбедносните системи кај Volkswagen репрезентативно се залагаат за сите интелигентни системи за помош на возачот. За сите оние кои кај нас постојат веќе денес, за оние кои ќе се создадат утре и оние за кои ја истражуваме иднината. Истовремено се залагаат за иновативни идеи со јасен фокус: Вашиот комфор и Вашата безбедност.

Карактеристики на безбедносните системи

Паркирање

Назад кон прегледот

Паркирањето никогаш не било полесно.

Самостојното паркирање е минато. Со системот за помош при паркирање „Park Distance Control“, кој е серија и системот за помош при паркирање „Park Assist“, кој можете да го добиете како дополнителна опрема, ќе заштедите многу труд при паркирање и маневрирање и во секое време ќе ја задржите контролата врз вашето возило.

Електромеханички засилувач на сопирачки

Назад кон прегледот

Оптимиран за кратко растојание на сопирање.

Со серискиот електромеханички засилувач на сопирачки и заедно со системот за автономно сопирање при итни случаи „Front Assist“, со препознавање на пешаци може да се скрати растојанието на сопирање на Вашиот Passat. На тој начин на пример може да се намали ризикот за незгоди со пешаци.

Front Assist

Назад кон прегледот

Може да препознае опасности, уште пред да настанат.

Системот може да препознае пешаци на улицата и навремено да Ве предупреди. Доколку не реагирате, тој може автоматски да сопре и во идеален случај во рамките на неговите системски граници да спречи незгоди со пешаци.

Систем за проактивна заштита на патници

Назад кон прегледот

Ќе бидете заштитени од сите страни.

Проактивната заштита на патници во рамките на границите на системот Ве обезбедува во критични ситуации, како на пример скоро претстојни судири.

Инфо-забава

Во вашиот нов Passat вие и вашите патници добро ќе се забавувате и ќе бидете поврзани во мрежа. Уживајте во извонреден звук, во интуитивна навигација и во комфорот на јазичен систем за помош, кој слуша по ваша наредба.

Имајте едноставен пристап до услугите за стриминг.

Стриминг на медиуми

Кога патувате во вашиот Passat не мора да се откажете од вашите омилени услуги: Преку инфо-забавниот системот на располагање ви стојат избрани услуги за стриминг, како на пр. Apple Music.

Дознајте повеќе

Чека ваша наредба: гласовна контрола.

Зборувајте преку гласовната контрола, без притоа да мора да го тргнете погледот од патот. Без разлика дали ја избирате вашата омилена музика или ја планирате рутата - гласовната контрола секогаш ви стои на располагање.

Дознајте повеќе

Радио „Composition“. Забавувајте се добро.

Во вашиот Passat вие ја избирате програмата: Со сериското радио "Composition", досадата не е опција.

Дознајте повеќе

Останете фокусирани со добра забава.

Навигација

Навигацискиот систем "Discover Pro" кој можете да го добиете како дополнителна опрема, ви помага да стигнете до целта. Тој импресионира со многустран инфо-забавен систем и посебни врвни карактеристики на комфор и функционалност.

Дознајте повеќе

Информативен материјал за Passat Variant

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team