Внатрешноста на Вашиот Passat блеска во нов сјај: Со опционалното амбиентално осветлување создадете индивидуална светлосна атмосфера во внатрешноста. Во две изведби со до 10 односно 30 бои ќе ја постигнете соодветната атмосфера за секое расположение - без разлика дали затемнета или блескаво светла. Осветлените декоративни лајсни регулирајте ги сосема едноставно преку дисплејот на Вашето радио или навигациски систем.