Опционалниот Digital Cockpit особено прегледно Ви прикажува важни информации на дисплеј со висока резолуција. Покрај високата густина на пиксели, интензивните бои и осветленоста, како и големиот контраст, тој нуди и можност да се изберат различни прегледи. Покрај класичните содржини како мерачот на број на вртежи, тахометарот и бројачот на изминати километри, на инструментната табла може сосема целно да Ви се прикажуваат дополнителни податоци.
Она што сакате да го видите, изберете го преку повеќефункцискиот управувач или Infotainment системот. Можете на пример целосно според Вашите потреби да повикате детални податоци за возењето, навигациската мапа да Ви се прикажува на целиот дисплеј или да Ви се прикажува оптичкиот приказ на Вашите системи за помош на возачот. Целосно може да ги вклучите и информациите за насловот на песната која актуелно се репродуцира на Вашиот MP3 плеер или контактот со кој моментално телефонирате. Или изберете комбинација на пр. од навигациска мапа и приказ на медиум.
Преку Infotainment системот можете да конфигурирате, зачувате и преку повеќефункцискиот управувач со притискање на копче да изберете до три прегледи. Дополнително на располагање Ви стои и класичниот профил. Овде како и вообичаено повеќефункцискиот приказ се прикажува меѓу брзината и бројот на вртежи.