Со "Easy Open" релаксираното патување започнува веќе пред да тргнете. Доколку на пример сакате тешкиот багаж за патување да го сместите во багажниот простор, не мора да го оставите за да го побарате клучот - доволно е мало движење со стапалото под задниот дел на возилото и електричната врата од багажниот простор ќе се отвори. А благодарение на електричното затворање, таа се затвора со притискање на копче при оддалечување од возилото.