Новиот Passat соединува постојана функционалност и спортски тек на линиите во стилски изглед. Со новата течна силуета и нагласениот тек на линии тој ги исполнува и највисоките барања. Маркантната заштитна решетка на вентилаторот и светлосните сигнатури на фаровите веднаш ќе го привлечат Вашиот поглед.
Радувајте се на експресивниот надворешен изглед и на висококвалитетната обработка. Предните и задните браници, LED фаровите односно опционалните LED-Matrix фарови, како и ново оформените LED задни светла ќе Ве импресионираат со нивниот модерен дизајн.