Новиот Passat Alltrack. Суверен на секој терен.

НАДОМЕСТ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНИ ЧАСОВИ ЗА ИСКУСНИТЕ.

Било да е пред работа, после работа или за викенд: оној што е постојано зафатен, заслужува малку одмор. Со своите моќни мотори, новиот Passat Alltrack Ви помага да ги остварите овие фази на одмор - кога сакате и пред сè: каде сакате. За тоа ќе се погрижи и погонот на сите тркала 4MOTION, којшто јачината на моторот по потреба рамномерно ја распределува на сите тркала и со тоа Ви гарантира брзо пристигнување дури и на тешко прооден терен.

СЕКОГАШ ЌЕ ПРОНАЈДЕ ПАТ – ДУРИ И ПРИ НЕПРООДЕН ТЕРЕН.

Растојание од подлогата зголемено за 27,5 mm и специфични прилагодувања на подвозјето го карактеризираат новиот Passat Alltrack. На тој начин - благодарение на совршено ускладените браници со заштита на подвозјето - ќе ги совладате екстремните агли на накосеност и рампа. Дополнителни и проширените прагови во Anthrazit ја прават каросеријата уште поцврста и поставуваат оптички акценти. Исто така уште еден детаљ: беџот "Alltrack" на задниот дел и на страните на возилото како и сериските LED задни светла, коишто го истакнуваат типичниот карактер на новиот Passat Alltrack.

ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА PASSAT ALLTRACK ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА PASSAT ALLTRACK ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

INFOTAINMENT

РАДИО И НАВИГАЦИЈА

УБАВО Е, АКО МОЖЕТЕ САМИ ДА СИ ГО ИЗБЕРЕТЕ КОПИЛОТОТ.

Во Вашиот Passat Alltrack Вие одредувате што ќе се случува. За тоа Ви е достапно сериското радио "Composition Media": со осум звучници, техника што е едноставна за ракување и многу можности за приклучување. Или земете еден од двата системи за навигација, коишто мултимедијално ја исполнуваат речиси секоја желба. Уживајте, кога придружбата е целосно прилагодена кон Вашите желби.

CAR-NET GUIDE & INFORM

ПОВЕЌЕ НЕ ВОЗЕТЕ БЕЗ ИНТЕРНЕТ.

Интернетот може да биде корисен во многу области од животот - па така и во автомобилот. На пример, бидете во тек со најактуелните податоци за сообраќајот. На тој начин, можете уште претходно да ја планирате или менувате Вашата патека на возење. Опционалните онлајн услуги Car-Net "Guide & Inform" нудат и уште повеќе.

DYNAUDIO CONFIDENCE

НЕМА ДА ИМ ВЕРУВАТЕ НА ВАШИТЕ УШИ.

Прекрасниот звук на опционалниот музички систем "DYNAUDIO Confidence" ќе ги замолчи и натера Вашите сопатници да уживаат, бидејќи со прецизното усогласување на 12-те звучници ќе го доживеете совршенството на High-End звукот во целиот внатрешен простор.

ПОДГОТОВКА ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ ПОБЕЗБЕДНО СО ДВЕТЕ РАЦЕ НА УПРАВУВАЧОТ.

Доколку сакате, останете достапни и за време на возењето. Со опционално достапните подготовки за мобилен телефон "Comfort" и "Premium" ќе ги задржите двете раце на управувачот и прегледноста кон сообраќајот. 

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ

ИЗБОР НА ВОЗЕН ПРОФИЛ

ВАШИОТ VOLKSWAGEN СЕ ПРИЛАГОДУВА КОН ВАШИОТ СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ.

Повеќе сакате да возите економично или спортски? Или повеќе му посветувате внимание на комфорот? Со серискиот избор на возен профил ги прилагодувате возните перформанси на автомобилот кон Вашиот стил на возење и кон ситуацијата на патот и сообраќајот.

ПРИКАЗ НА ОКОЛИНАТА „AREA VIEW“

ЧЕТИРИ КАМЕРИ ВИ ПОКАЖУВААТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ ВАС.

При излегување од паркинг место во преполниот центар на градот или при маневрирање по непрооден терен - не ли би било добро ако во такви непрегледни ситуации можете само со еден поглед да регистрирате сè што има околу автомобилот? Опционалниот приказ на околината "Area View" со своите четири камери го овозможува тоа.

КАМЕРА ЗА ПОМОШ ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД „REAR VIEW“

БИДЕЈЌИ НЕ МОЖЕТЕ ДА ГЛЕДАТЕ ЗАД ВАС.

Опционалната камера за помош при возење наназад "Rear View" Ви овозможува да ги препознаете препреките што се наоѓаат зад возилото. Камерата што е интегрирана во задниот дел на возилото, Ви испраќа слики на екранот на Infotainment системот. На тој начин, паркирањето станува значително поедноставно, а Вие можете подобро да ги препознаете препреките.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ МАНЕВРИРАЊЕ СО ПРИКОЛКА „TRAILER ASSIST“

ГО ПРАВИ МАНЕВРИРАЊЕТО СО ПРИКОЛКАТА ДЕТСКА ИГРА.

Дури и при маневрирањето со приколка, автомобилот може да го преземе управувањето за Вас. Опционалниот систем за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" ја презема Вашата работа.

ACC & FRONT ASSIST

ПРИ ПРЕПОЛНИ ПАТИШТА ОСТАНЕТЕ СОСЕМА ОПУШТЕНИ.

Дали понекогаш посакувате систем за помош, којшто за Вас ќе внимава на сообраќајот пред возилото? Со серискиот систем за автоматско регулирање на растојанието ACC (до 160 km/h) и со системот за набљудување на околината "Front Assist" со вклучена City-функција за вонредно сопирање што се составен дел од пакетот, Вие можете да возите многу поопуштено.

ЕФИКАСНОСТ

XDS+

НЕ ИСПУШТАЈТЕ ЈА КОНТРОЛАТА ОД РАЦЕ.

И при спортското возење по кривини можете да сметате на подобрена тракција и управување. Тоа не само што ја зголемува возната безбедност, туку и задоволството при возењето.

МОТОРИ

ПРОФИТИРАЈТЕ ОД ГОЛЕМАТА ВЛЕЧНА СИЛА ПРИ МАЛА ПОТРОШУВАЧКА.

Со задоволство и често патувате, но би сакале да ја одржите мала и Вашата потрошувачка? Нашите TDI дизел мотори и бензинските мотори се оптимирани на ефикасност и ја исполнуваат нормата Euro 6.

ПРИЛАГОДЛИВО РЕГУЛИРАЊЕ НА ПОДВОЗЈЕТО DCC

ВАШЕТО ПОДВОЗЈЕ ВО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА ГО ИЗБИРА ПРАВИЛНОТО ПОСТАВУВАЊЕ.

Прилагодливото регулирање на подвозјето DCC постојано ги прилагодува амортизерите на конкретната возна ситуација: спортски, комфорно и нормално. На тој начин, системот во секое време се грижи за добар комфор при возењето.

START-STOP СИСТЕМ СО ПОВТОРНО ДОБИВАЊЕ ЕНЕРГИЈА ПРИ СОПИРАЊЕ

ПРИ СОПИРАЊЕ ДОБИВАТЕ ЕНЕРГИЈА.

Да го оставите моторот да работи на семафор, непотребно би се потрошила енергија. Поради тоа, Start-Stop системот го исклучува моторот штом ќе го тргнете стапалото од педалот за куплунг. Од друга страна пак, при сопирањето ослободената енергија се води кон акумулаторот и таму се зачувува.

 

 

КОМФОР

ПЕРСОНАЛИЗИРАЊЕ

ВАШИОТ АВТОМОБИЛ СЕ СЕЌАВА НА ВАС.

Како Ви звучи ова: автомобил кој може да забележи што Ви се допаѓа? Сериското персонализирање во новиот Рassat Alltrack ја меморира Вашата позиција на седење, Вашата температура за да се чувствувате добро и уште многу повеќе.

СЕДИШТА

ЗАЛОЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШИОТ ГРБ.

Атрактивниот дизајн може да биде толку удобен: извонредните седишта во новиот Passat Alltrack овозможуваат поздраво држење на грбот и одговараат кон висококвалитетниот интериер.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

ВАКА ЌЕ ЈА ЗАДРЖИТЕ ПРЕГЛЕДНОСТА.

Опционалниот Head-up дисплеј носи важни информации во врска со возењето како што се сообраќајни знаци и навигациски напомени во непосредното видно поле на возачот: директно пред ветробранското стакло.

ОПТОВАРУВАЊЕ НА ПРИКОЛКА/КАПАЦИТЕТ НА ТОВАРАЊЕ

КОГА ИМАТЕ ПОВЕЌЕ НЕШТА ЗА ДВИЖЕЊЕ.

Сега сè е спакувано! Passat Alltrack е соодветен за многу активности, коишто бараат силен партнер. Тој убедува со одличниот капацитет за товарање и голема влечна сила.

 

Илустрацијата ги прикажува опционалните Volkswagen додатоци "Модул за сместување во багажниот простор".