VW PASSAT ALLTRACK: АВТОМАТСКО РЕГУЛИРАЊЕ НА РАСТОЈАНИЕТО ACC

Во градскиот сообраќај можете да бидете поопуштени, доколку одржувате доволно растојание до возилото коешто вози пред Вас. Системот за автоматско регулирање на растојанието ACC Ви помага околу тоа.

ACC  ја мери оддалеченоста и брзината на возилата коишто возат пред Вас. Во колони и гужви системот заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG го запира Вашиот Volkswagen до состојба на мирување. Системот во рамките на неговите граници може да го задржи Вашето возило оддалечено од возилото пред Вас при брзина и до 160 km/h.

Понекогаш се случува нешто непредвидено, така што е потребно вонредно сопирање. Во такви случаи во опсег на системот за набљудување на околината "Front Assist" може да помогне City функцијата за итно сопирање, која што е вклучена во него. Доколку во рамките на системските граници се препознае критична ситуација на налетување, Front Assist го предупредува возачот акустично како и оптички со можно вонредно сопирање. Ако опасната ситуација не се намали, системот автоматски извршува сопирање, кое во даден случај ја намалува брзината на ударот. И за време на сопирањето Front Assist му помага на возачот и се грижи - доколку е потребно - да се користи максималната сила на сопирање.

City функцијата за вонредно сопирање е продолжување на системот на Front Assist. При брзина од 5 до 30 km/h може да реагира со вонредно сопирање во последен момент пред незгода при налетување.

 

Noch mehr Infos zum Front Assist finden Sie hier

Close