Маневрирањето со приколка за оние кои немаат искуство може да биде вистински тест за трпение, затоа што композицијата не реагира секогаш како што можеби очекуваме: понекогаш предложениот пат изгледа наопаку. Одлучувачки за прецизно возење наназад е аголот на управување: опционалниот систем за помош во управување при маневрирање со приколка "Trailer Assist" го презема управувањето за Вас. Поставете степен за возење наназад, притиснете го копчето за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за поставување на ретровизорите поставете ја насоката во која треба да се придвижи приколката. Вашиот Volkswagen сега управува автоматски, додека понатаму за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето сте одговорни Вие. Значи во секое време ја задржувате контролата.