VW PASSAT ALLTRACK: CAR-NET "GUIDE & INFORM"

 

Интернетот во автомобилот кај Volkswagen се вика Car-Net. Зад тоа стојат служби, практични услуги и апликации што Ви помагаат. Пакетот на Car-Net услуги "Guide #Inform"¹ Ви е достапен заедно со навигациската функција "Discover Media" Со поврзувањето на интернет можете да користите податоци, чијашто актуелност е секогаш загарантирана. Доколку на пример на некое место се создава или прекинува застој, ќе дознаете онлајн речиси веднаш. Особено комфорно: Вашата рута се прилагодува соодветно автоматски.

Оставете го Car-Net да ги побара можностите за Ваш попатен одмор и со онлајн пребарувањето на посебните цели откријте многубројни атрактивни ресторани. Исто така, можете брзо да најдете и други посебни цели што би биле интересни за Вас. Било да е хотел, бензинска станица или ново отворено кино: секогаш ажурираните податоци од интернет се грижат за возбудливи и корисни откритија.

Со "Guide & Inform Plus", кој можете бесплатно да го користите три години заедно со навигацискиот систем "Discover Pro", дополнително Ви се олеснува ориентирањето. Затоа што со тоа имате пристап до сателитски слики и детални Google Earth® снимки.

 

Noch mehr Infos zu Car-Net

 

 

1) За користењето на мобилните онлајн услуги (Car-Net) потребен Ви е мобилен краен уред (на пр. паметен телефон), којшто може да делува како WLAN Hotspot. Car-Net услугите се достапни само со постоечки или одделно склучен договор за мобилната мрежа помеѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа, а особено при користење во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Поради обемот на податоци што настанува во рамките на користењето на Car-Net услугите задолжително Ви препорачуваме договор за паушална тарифа со Вашиот мобилен оператор! За користење на Car-Net треба да се склучи посебен договор со Volkswagen AG. Откако ќе му биде предадено возилото, клиентот има 90 дена време да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/Car-Net.
Достапноста на Car-Net услугите може да се разликува во зависност од земјата. Овие услуги се достапни во текот на договореното времетраење на договорот  и можат да подлежат на измени во содржината. Подетални информации за Car-Net ќе добиете на www.volkswagen.com/Car-Net и кај Вашиот партнер за Volkswagen; информации за условите за тарифирање при користењето на мобилната мрежа кај Вашиот мобилен оператор.

Close