VW PASSAT ALLTRACK: НА ВОЗЕН ПРОФИЛ

Во noviot Passat Alltrack сте истовремено динамично и економично на пат. Дали понекогаш посакувате Вашето возило да биде поспортски изведено? Дали со задоволство би возеле со уште поголема заштеда на гориво? Со опционалниот избор на возен профил, одлучувате за тоа во зависност од ситуацијата и од личните потреби. Едноставно со притискање на копче или пак на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем, изберете го саканиот возен профил. Кон тоа автоматски се прилагодуваат и погонот, управувањето, менувачот (кај менувач со двојна спојка DSG) па дури и фаровите. Секако, можете да уживате и во сосема нормален комфор - тоа Ви го овозможува возниот профил Normal.

Покрај четирите возни профили "Eco", "Normal", "Sport" und "Individual" Passat Alltrack може да има и "Offroad" режим, кој активира оптимиран антиблокирачки систем и соодветна карактеристика на педалот за возење. Системот за помош при поаѓање на нагорнини и системот за помош при поаѓање на надолнини го спречуваат придвижувањето на возилото на накосени места и го намалуваат бројот на вртежи на моторот при поаѓање.

Close