VW PASSAT ALLTRACK: МОТОРИ

 

Ви треба малку а можете многу: сите мотори го исполнуваат стандардот Euro 6 и се опремени за иднината. Без разлика дали безнзински мотор, на пример TSI или TDI-Common-Rail дизел мотор: штедливите агрегати со сила се грижат за одушевување.

TDI моторите на Volkswagen се дизел мотори со турбо полнење и директно вбризгување на гориво. Се одликуваат со штедливост, голема влечна сила и одлична моќност. Освен тоа, тие работат особено тивко а благодарение на големиот вртежен момент придонесуваат за спортски начин на возење

TSI бензинските мотори се совршена мешавина од моќност и штедливост. Веќе при мал број на вртежи остварете максимален вртежен момент. Со нивната комбинација од волумен, турбо полнење и директно вбризгување овозможуваат рамномерен развој на силата. За тоа Volkswagen користи Downsizing техника. Тука, погонските компоненти и покрај споредливо малиот простор за мотор создаваат голема јачина.

Серискиот погон на сите тркала на Passat Alltrack се овозможува со модерните, ефикасни мотори. Иако неговата влечна сила со вртежен момент од 500 Nm е врвен агрегат, BiTurbo 176 kW (240 PS) BiTurbo со потрошувачка од малку повеќе од 5 литри дизел на Diesel 100 km е необично штедлив.

Close