VW PASSAT ALLTRACK: РАДИО И НАВИГАЦИЈА

 

Подготвени за концепт по Ваша желба? Едно радио и два системи за навигација се наоѓаат на програмата, еден дел  како составен дел на сериската опрема и еден дел како опција.

Кон сериското радио "Composition Media" припаѓаат осум звучници, чита SD-картички, прима FM/AM радио станици, располага со медиумски конектор AUX-IN за поврзување на надворешни аудио извори. Дополнително има CD плеер, MP3-CD плеер како и Bluetooth поврзување. Особено удобно е за ракување, затоа што екранот на допир во боја има дијагонала од 16,5 cm.

Опционалниот систем за навигација "Discover Media" има исто така екран на допир во боја со големина од 16,5 cm. Останата опрема: осум звучници, FM/AM радио прием, CD-читач, којшто ја репродуцира музиката и во MP3, AAC и WMA формат, два влеза за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и USB, подготовка за мобилен телефон преку Bluetooth.

Ако сакате уште повеќе: опционалниот навигациски систем "Discover Pro" е Infotainment систем за специјални барањa. тој нуди екран со големина од 20,3 cm, прегледен приказ на мапи по 3-D и внатрешна флеш меморија. Говорното управување реагира на кажување на имињата на местата и улиците и пресметува рута според упатство. Телефонирањето со слободни раце благодарение на Bluetooth технологијата е поудобно.

Close