VW PASSAT ALLTRACK: СЕДИШТА

Кога одите по трња и камења, Вашиот грб не треба да го осети тоа. Сериските комфорни седишта Alltrack ергономски му помагаат на Вашиот 'рбетен столб. Перничињата на седиштата се прекриени со висококвалитетна робусна Alcantara, средишниот дел на седиштата со материјал со дизајн "7 Summits". Логото Alltrack на потпирачите за главата го перфектно заокружува ексклузивниот изглед.

Ако најмногу сакате да седите на кожа, можете да ја изберете опционалната кожна опрема "Nappa". По желба можете да ја добиете и со функција за масажа и клима. Тоа не се исплаќа само при долго возење, туку и при кратко.

Она што е заедничко за сите предни седишта, е печат за одобрување на независната организација Акција за поздрав грб. AGR печатот за одобрување значи добро седење и здрав грб.

Close