VW PASSAT ALLTRACK: ПОДГОТОВКИ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Повеќе нема да пропуштите ниту еден разговор, а сепак ќе останете сконцентрирани на сообраќајот. За удобно телефонирање за време на возењето се грижи опционална подготовка за мобилен телефон. Таа нуди особено висок квалитет на говор: благодарение на дигиталниот процесор за говорење, висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел од покривот и сопствените звучници на возилото. За оптимален прием Вашиот паметен телефон се спојува со надворешната антена и при критично мрежно покривање.

Во изведбата Comfort Вашиот мобилен телефон со надворешната антена се поврзува преку индуктивно поврзување.

Во Premium варијантата разговорите кои се започнати во автомобилот можете да ги пренесувате и преку Bluetooth® на уредот за разговор со слободни раце  предуслов е Вашиот паметен телефон да е способен за Bluetooth® и да поседува SIM Access Profile (rSAP). Поврзувањето се извршува преку говорното управување со помош на повеќефункцискиот управувач или преку системот Infotainment. Алтернативно во Вашиот Infotainment систем можете да ставите и дополнителна SIM картичка со податочна тарифа.

 

Close