Passat Variant

Новиот Passat Variant. Суверен како Вас

КОГА УСПЕХОТ ДОБИВА ФОРМА.

Најубавото кај успехот е, она што сте го постигнале конечно да Ви е пред очи. Или едноставно да седнете. Со новиот Passat Variant можете да ги имате и двете, бидејќи тој убедува како однадвор така и однатре. Тоа го сметаа и членовите на жирито на наградите "Car of the Year" и на "iF-Gold". И кај двете, новиот Passat Variant беше одбран за победник на годината 2015. 

СУВЕРЕН КОЛКУ И ВИЕ.

Суверенитетот е резултат на сопствените силни особини. А и способноста, истите да ги истакнете. Поради тоа, кај новиот Passat Variant веднаш се гледа колку е напреден. Кон исклучително забележливите карактеристики припаѓаат и маркантно обликуваните, опционални LED фарови и сериските LED задни светла, како и динамичната изведба на страничните линии. За уште поголема елеганција се грижат и долгото меѓуосовинско растојание и кусите надвиснати делови.

ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА PASSAT VARIANT ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

ДОЖИВЕЈТЕ ГИ ПЕРФОРМАНСИТЕ НА PASSAT VARIANT ОД РАЗЛИЧНИ ПЕРСПЕКТИВИ.

INFOTAINMENT

РАДИО И НАВИГАЦИЈА

УБАВО Е, АКО МОЖЕТЕ САМИ ДА СИ ГО ИЗБЕРЕТЕ КОПИЛОТОТ.

Во Вашиот Passat Variant Вие одредувате што ќе се случува. За тоа Ви се достапни две радија: со соодветни звучници, техника што е едноставна за ракување и многу можности за приклучување. Или земете еден од двата системи за навигација, коишто мултимедијално ја исполнуваат речиси секоја желба.

CAR-NET GUIDE & INFORM

ПОВЕЌЕ НЕ ВОЗЕТЕ БЕЗ ИНТЕРНЕТ.

Интернетот може да биде корисен во многу области од животот - па така и во автомобилот. На пример, бидете во тек со најактуелните податоци за сообраќајот. На тој начин, можете уште претходно да ја планирате или менувате Вашата патека на возење. Опционалните онлајн услуги Car-Net Guide & Inform нудат и уште повеќе.

DYNAUDIO CONFIDENCE

НЕМА ДА ИМ ВЕРУВАТЕ НА ВАШИТЕ УШИ. 

Прекрасниот звук на опционалниот музички систем "DYNAUDIO Confidence" ќе ги замолчи и натера Вашите сопатници да уживаат, бидејќи со прецизното усогласување на 12-те звучници ќе го доживеете совршенството на High-End звукот во целиот внатрешен простор.

VOLKSWAGEN MEDIA CONTROL

ВИЕ УПРАВУВАТЕ СО АВТОМОБИЛОТ, ВАШИТЕ СОПАТНИЦИ СО МУЗИКАТА.

Volkswagen Media Control им дозволува и на Вашите сопатници да ракуваат со Infotainment системот: сосема едноставно и комфорно преку таблет-PC. 

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ

ПОДГОТОВКА ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ ПОБЕЗБЕДНО СО ДВЕТЕ РАЦЕ НА УПРАВУВАЧОТ.

Доколку сакате, останете достапни и за време на возењето. Со опционално достапните подготовки за мобилен телефон "Comfort" и "Premium" ќе ги задржите двете раце на управувачот и прегледноста кон сообраќајот.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ЗАСТОЈ

СО НЕГО КОМФОРНО ЌЕ ПОМИНЕТЕ НИЗ STOP-AND-GO СООБРАЌАЈОТ.

Може да го поддржи возачот при Stop-and-go сообраќај и со тоа да помогне да се избегнат незгоди во случај на застој: опционалниот, иновативен систем за помош при застој.

ПРИКАЗ НА ОКОЛИНАТА „AREA VIEW“

ЧЕТИРИ КАМЕРИ ВИ ПОКАЖУВААТ ШТО СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ ВАС.

При излегување од паркинг место во преполниот центар на градот или при маневрирање по непрооден терен - не ли би било добро ако во такви непрегледни ситуации можете само со еден поглед да регистрирате сè што има околу автомобилот? Опционалниот приказ на околината "Area View" со своите четири камери го овозможува тоа.

EMERGENCY ASSIST

ГО ЗАПИРА ВОЗИЛОТО, КОГА ВИЕ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕТЕ.

Во медицинските итни случаи, опционалниот Emergency Assist може да ги предупреди патниците и учесниците во сообраќајот и контролирано да го доведе Passat Variant до состојба на мирување.

СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ МАНЕВРИРАЊЕ СО ПРИКОЛКА „TRAILER ASSIST“

ГО ПРАВИ МАНЕВРИРАЊЕТО СО ПРИКОЛКАТА ДЕТСКА ИГРА.

Дури и при маневрирањето со приколка, автомобилот може да го преземе управувањето за Вас. Опционалниот систем за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" ја презема Вашата работа.

ACC & FRONT ASSIST

ПРИ ПРЕПОЛНИ ПАТИШТА ОСТАНЕТЕ СОСЕМА ОПУШТЕНИ.

Дали понекогаш посакувате систем за помош, којшто за Вас ќе внимава на сообраќајот пред возилото? Со опционалниот систем за автоматско регулирање на растојанието ACC и со системот за набљудување на околината "Front Assist" со вклучена City-функција за вонредно сопирање што се составен дел од пакетот, Вие можете да возите многу поопуштено.

ЕФИКАСНОСТ

МОТОРИ

ПРОФИТИРАЈТЕ ОД ГОЛЕМАТА ВЛЕЧНА СИЛА ПРИ МАЛА ПОТРОШУВАЧКА.

Со задоволство и често патувате, но би сакале да ја одржите мала и Вашата потрошувачка? Нашите TDI дизел мотори и TSI бензински мотори се оптимирани на ефикасност, влечна сила и моќност и ја исполнуваат нормата Euro 6. 

СОПИРАЧКА ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН СУДИР

НЕЗГОДАТА НЕ ТРЕБА ДА ПРЕДИЗВИКА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ НЕЗГОДИ.

Сериската сопирачка за повеќекратен судир придонесува за тоа, при судир да не се случи и нешто повеќе. Системот е тука за после незгода да избегне последователни удари и да спречи вртење. Тој, во рамките на системските граници, се грижи за тоа, Вашиот Volkswagen да се запре што е можно побрзо. 

СИСТЕМ ЗА ПРОАКТИВНА ЗАШТИТА НА ПАТНИЦИТЕ

СО НЕГО СТЕ АВТОМАТСКИ ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ.

Се активира кога станува критично: системот за проактивна заштита на патниците презема безбедносни мерки, доколку во Вашиот Volkswagen Ви се заканува незгода. 

 

КОМФОР

КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО

ОПЦИИ ЗА КОМФОР КОИШТО ПРАВАТ ДА УЖИВАТЕ ВО ВАШЕТО ВОЗЕЊЕ.

За благосостојба при возењето автомобил придонесуваат многу фактори: на пример, совршената температура и доброто чувство, сè што Ви треба, секогаш да го имате пред Вас.

HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

ВАКА ЌЕ ЈА ЗАДРЖИТЕ ПРЕГЛЕДНОСТА.

Опционалниот Head-up дисплеј носи важни информации во врска со возењето како што се сообраќајни знаци и навигациски напомени во непосредното видно поле на возачот: директно пред ветробранското стакло.

EASY OPEN

ПРИ РАКА ВИ Е, КОГА НЕМАТЕ НИЕДНА СЛОБОДНА.

Ќе го засакате, особено тогаш кога немате слободна рака: со опционалниот систем за затворање Easy Open управуван од сензор, ќе ја отворите задната врата едноставно со движење на стапалото.

ACTIVE INFO ДИСПЛЕЈ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТОКМУ ОНИЕ ИНФОРМАЦИИ ШТО САКАТЕ ДА ГИ ВИДИТЕ.

Благодарение на повеќе инфо-профили, иновативниот Active Info дисплеј Ви нуди детални информации на инструментната табла: прегледни и достапни во секое време. 

КЛИМА-УРЕД „CLIMATRONIC“

ПОГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ИНДИВИДУАЛНА КЛИМА ПРИ ПАТУВАЊЕТО.

Премногу топло, премногу ладно или нешто помеѓу? Да се најде вистинската температура пред сè, може и да не е толку едноставно со повеќе сопатници. Со опционалниот клима-уред со 3 зони "Climatronic", караниците отсега ќе бидат минато. Од Highline уредот е дел од сериската опрема. 

ОПРЕМА ОД КОЖА

СЕДНЕТЕ НА БЕЗВРЕМЕНСКАТА ЕЛЕГАНЦИЈА.

Опционалните опреми од кожа во внатрешниот простор се грижат за врвен визуелен впечаток и единствено чувство при допир. Уште при влегувањето ќе Ве пречека карактеристичниот мирис на кожа. Така, при секое возење ќе уживате во неспоредливото чувство на ексклузивната опрема. 

СЕДИШТЕ ERGOCOMFORT

ДОКОЛКУ МУ ПОСВЕТУВАТЕ ИСКЛУЧИТЕЛНО ВНИМАНИЕ НА ВАШИОТ ГРБ.

По желба достапната функција за масажа на ergoComfort седиштето што се загрева, се грижи за високо ниво на комфор при седењето. На тој начин, можете удобно да го прилагодите возачкото седиште на Вашата телесна структура и истовремено да го опуштите грбот. 

R-LINE

R-LINE ЕКСТЕРИЕР

ВИЗУЕЛНОТО ЈА ПОБЕДИ ДИНАМИКАТА.

Новиот Passat Variant со пакетот R-Line "Екстериер" го истакнува својот спортски настап со задниот спојлер и задниот браник во "R"-стајлинг. Исто така впечатливо: дифузерот што сјае во црна боја и маските во облик на трапез.

R-LINE ИНТЕРИЕР

ВООДУШЕВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА.

И по влегувањето новиот Passat Variant исто така без проблем ќе Ве фасцинира: со пакетот R-Line "Интериер".

ДРУГИ ЧЕКОРИ