VW PASSAT VARIANT: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО УПРАВУВАЊЕ ПРИ МАНЕВРИРАЊЕ СО ПРИКОЛКА "TRAILER ASSIST" 

Маневрирањето со приколка за неискусните може да биде вистински тест за трепение, затоа што композицијата не реагира секогаш како што можеби очекуваме: понекогаш предложениот пат изгледа наопаку. Одлучувачки за прецизно возење наназад е аголот на управување: системот за помош во управување при маневрирање со приколка "Trailer Assist" за Вас го презема управувањето во рамките на системските граници. Потоа Вие поставувате степен за возење наназад, го притискате прекинувачот за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за насочување на ретровизорот давате насока, во која треба да се движи приколката. Вашиот Volkswagen само автоматски управува, додека Вие и понатаму сте одговорни за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето. Значи во секое време ја задржувате контролата. 

Close