VW PASSAT VARIANT: ERGOCOMFORT СЕДИШТЕ 

Во Passat Variant седете удобно и пријатно за грбот - особено со варијантите на опрема Comfortline и Highline, кон чија сериска опрема припаѓа ergoComfort седиштето на страната на возачот. Ова седиште може да се постави на повеќе начини, така што можете да заземете ергономски поддржана функција на седење и со тоа да го одморите Вашиот 'рбетен столб. По желба можете да го добиете ergoComfort седиште за возачот со 14 начини на електрично поставување со мемориска функција и функција на масажа. Во пакетот добивате и надворешни ретровизори кои можат да се загреваат и електрично да се собираат и поставуваат со осветлување на околината, спуштање на ретровизорот на совозачот и автоматска функција за затемнување на страната на возачот.

Двете варијанти на седишта се истакнуваат со независен печат за одобрување "Geprüft & empfohlen" (испитано и препорачано) на организацијата Акција за здрав грб, кој означува дека производот е добар за грбот.  

 

Close