VW PASSAT VARIANT: КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО 

Без разлика дали ќе седнете во предниот или во задниот дел: можете да се радувате на комфорната клима, затоа што опционалниот клима уред "Climatronic" со регулирање на температурата во три зони (сериски од Highline) се поставува целосно според Вашите желби за возачот, совозачот и патниците на задната клупа за седење.

Од прегледно прикажаните информации на опционалниот повеќефункциски управувач "Premium" (сериски од Highline) профитира пред сè возачот: доволен е еден поглед за да се прегледаат релевантните информации за возењето. По желба на располагање стои и Active Info дисплејот, кој со неговиот голем TFT екран во боја со висока резолуција прегледно ги подготвува податоците кои ги преферира возачот.

Задоволство при слушањето нуди опционалното радио "Composition Media" (сериски од Highline). Со помош на неговиот екран на допир во боја, меѓу другото се ракува и со подготовката за мобилен телефон. Кон другите врвни се вбројуваат и многубројните приклучоци за надворешни уреди и можноста да се прикаже логото на станицата.

Затвори