VW PASSAT VARIANT: КОЖНА ОПРЕМА 

Од елегантните врвни комфорни седишта напред со опционалната кожна опрема "Vienna" нема да сакате никогаш повеќе да станете. Благодарение на висококвалитетната кожа, управувачот и рачката на менувачот се особено пријатни за допир. Тука припаѓаат и средишните делови на седиштата прекриени со кожа и внатрешните страни на перничињата на седиштата. Уживајте во пријатното греење на седиштата. За добар поглед во секое време се грижи автоматското греење на отворите за миење на стаклата.

За Passat Variant Highline е подготвен опционалниот пакет на кожа "Nappa". неговите површини на средишните потпирачи, средишните делови и внатрешните делови на перничињата на седиштата се изработени од висококвалитетен материјал, чија површина е  особено мека.

Close