VW PASSAT VARIANT: МОТОРИ 

Благодарение на Common-Rail технологијата TDI моторите на Volkswagen се грижат за максимален развој на силата при ниска потрошувачка. Возилата со оваа генерација на дизел мотори работат со директно вбризгување и турбо полнење. Притоа дизел горивото динамично се вбризгува со вентил за делење. TDI моторите одликуваат со штедливост, голема сила и голема моќност. Благодарение на големиот вртежен момент, агрегатите помагаат за спортски начин на возење. Освен тоа тие работат особено тивко.

Иновативните TDI мотори на Volkswagen имаат висока моќност со голема вечна сила  при ниска потрошувачка. Со нивната комбинација од мал волумен, турбо полнење и директно вбризгување овозможуваат рамномерен развој на силата и одлична ефикасност. За тоа Volkswagen ја користи Downsizing техниката. Овде моторите и покрај споредливо малиот волумен создаваат голема моќност. Оваа техника во производството на автомобили моментално се вбројува во најефективните можности за да се заштеди гориво.

Врвен перформанс на палетата на мотори претставува и досега најсилниот дизел мотор со четири цилиндри на Volkswagen. И покрај моќноста од 176 kW (240 КС), TDI SCR 4MOTION убедува со просечна потрошувачка од само малку повеќе од 5 l на 100 km. А благодарение на 4MOTION можете да искусите извонредна тракција: BiTurbo моторот со 500 Nm вртежен момент ги покренува сите четири тркала.

 

Close