VW PASSAT VARIANT: СОПИРАЧКА ЗА ПОВЕЌЕКРАТЕН СУДИР 

Дали Ви се верува дека 22% од сите незгоди со повредени лица и човечки жртви се поради повеќекратен судир? За да го избегнете тоа, Volkswagen разви иновативен систем за помош: сопирачка за повеќекратен судир. Таа е составен дел на интегралниот безбедносен систем и во рамките на границите на системот, по судирот воведува автоматско сопирање. На тој начин можат да се спречат последователни судири. Сопирачката за повеќекратен судир се активира кога двата сензора што се независни еден од друг ќе препознаат незгода. Во тој случај, возилото се сопира. Возачот може во секое време да ја преземе контролата врз возилото.

Close