VW PASSAT VARIANT: R-LINE "EXTERIEUR" 

Предниот дел на новиот Passat Variant со пакетот R-Line "Exterieur" е оформен во спортска оптика. Предниот браник во "R" стајлинг со специфични отвори за воздух и заштитна решетка на вентилаторот со логото "R-Line" привлекуваат погледи. Хромираните лајсни околу возилото и R-Line страничните прагови на новиот Passat Variant му даваат уште поелегантен спортски дух. Опционално можете да ги добиете 19-инчните тркала од лесен метал "Verona" и затемнетите LED задни светла.

Close