VW PASSAT VARIANT: РАДИО И НАВИГАЦИЈА 

Подготвени за концепт по Ваша желба? Две радија и два системи за навигација се наоѓаат на програмата, еден дел  како составен дел на сериската опрема и еден дел како опција. Се разликуваат по видот на нивниот дисплеј како и по можностите за приклучоци.

Сериското радио "Composition Colour" се ракува преку екран на допир со големина од 12,7 cm со дисплеј во боја. Чита SD-картички, прима FM/AM радио станици, располага со медиумски конектор AUX-IN за поврзување на надворешни аудио извори. Дополнително има читач за CD. Осумте звучници се грижат за добро озвучување на сите места.

Кон радиото "Composition Media" кое можете да го добиете по желба (сериски од Highline) припаѓаат осум звучници. Го има можностите за приклучоци како претходно наведениот подел и дополнително Bluetooth поврзување за мобилни телефони. Особено удобно е за ракување, затоа што екранот на допир во боја има дијагонала од 16,5 cm.

Опционалнната навигациска функција "Discover Media" има исто така екран на допир во боја со големина од 16,5 cm. Останата опрема: осум звучници, FM/AM радио прием, CD-читач, којшто ја репродуцира музиката и во MP3, AAC и WMA формат, два влеза за SD-картички, интерфејси за AUX-IN и USB, подготовка за мобилен телефон преку Bluetooth. Системот е опремен со корисни сензори: доколку приближите прст до контролното поле на дисплејот, полето се зголемува истакнато. На овој начин користењето е уште поедноставно и побезбедно.

Ако сакате уште повеќе: опционалниот навигациски систем "Discover Pro" е Infotainment систем за специјални барање. тој нуди екран со големина од 20,3 cm, прегледен приказ на мапи по 3-D и внатрешна флеш меморија. Говорното управување реагира на кажување на имињата на местата и улиците и пресметува рута според упатство. Телефонирањето со слободни раце благодарение на Bluetooth технологијата е поудобно.

 

Hier finden Sie Downloads und Updates für Radio- und Navigationssysteme von Volkswagen

 

Close