VW PASSAT VARIANT: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ГУЖВА 

Опционалниот систем за помош при гужва користи докажани функции како автоматското регулирање на растојанието ACC  и системот за помош при задржување во лента "Lane Assist", за да овозможи комфорно возење во колона во гужва. На тој начин Вашиот Passat Variant при брзина од 0 до 60 km/h го следи возилото кое вози пред него и самостојно управува со гасот и сопирањето во рамките на системските граници. Притоа возилото се задржува во лента. Системот за помош при гужва помага при стресен Stop-and-go сообраќај и на овој начин може да помогне да се избегнат типични незгоди кога има гужва.

Системот за помош при гужва со безбедносниот пакет за Passat Variant Highline се добива заедно со менувачот со двојна спојка DSG.

 

Close