VW PASSAT VARIANT: VOLKSWAGEN MEDIA CONTROL 

Volkswagen Media Control за Passat Variant се добива како специјална опрема. Во оваа апликација за Вашиот таблет компјутер има голем број на фасцинантни можности, од кои особено профитираат патниците во задниот дел: можете удобно да ја изберете музичката програма и преку WLAN да имате пристап и до другите функции на навигацискиот систем "Discover Pro" кој исто така опционално се добива. На пример пренесувајте цели од адресарот на навигацискиот систем, а пребарувањето за рути и интересни дестинации на возење со помош на Google® е уште полесно. Дополнителен комфор нуди и држачот за таблет кој можете да го добиете по желба, кој исто така може да го снабдува уредот со струја.

Close