Качете се и веднаш почувствувајте атмосфера, која асоцира на високата класа. Во новиот Passat уживајте во слободно чувство на простор: Со хоризонталните украси на инструментната табла и поврзувањето со вратите, внатрешниот простор оптички се издолжува и со тоа изгледа поголем и попросторен. Висококвалитетните материјали и креативната јасност кои го истакнуваат врвниот карактер на внатрешниот простор исто така ќе Ве импресионираат како големата слобода за нозете.
Средишната конзола со голема преграда, фино обликуваната инструментна табла и висококвалитетните украси усогласуваат стилска елеганција и функционално подредување.
Седнете во Вашиот Passat и нема да сакате повеќе да излезете. Седиштата со потпирачи за глава кои индивидуално се приспособуваат ги исполнуваат сите барања за естетика и комфор.