VW PASSAT: ACTIVE INFO ДИСПЛЕЈ 

Со новиот опционален Active Info дисплеј во Вашиот Passat уживајте во предностите на инструментната табла со TFT екран во боја со големина од 31 cm (12,3 инчи) со висока резолуција.

Со различните инфо профили можете да поставите целни фокусни точки кај податоците, коишто на инструментната табла дополнително се прикажуваат кон класичните содржини како бројач на вртежи, тахометар и бројач на километри. Овие Info профили ќе ги изберете брзо и едноставно преку повеќефункцискиот управувач на Вашиот Passat.

На Ваше барање, можете на пример да повикувате детални возни податоци или оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот.

Притоа, осмислениот концепт на прикази овозможува прегледно и флексибилно прикажување со оптимално користење на постоечката површина: на тој начин централното поле во каналите може да се збогати со дополнителни информации.

Close