VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ МАНЕВРИРАЊЕ СО ПРИКОЛКА "TRAILER ASSIST" 

Маневрирањето со приколка за оние што немаат искуство може да биде вистински тест на трпението, затоа што композицијата не реагира секогаш како што можеби очекуваме: понекогаш предложениот пат изгледа наопаку. Одлучувачки за прецизното возење наназад е аголот на управување: опционалниот систем за помош при маневрирање со приколка "Trailer Assist" го презема управувањето за Вас во рамките на системските граници. Најпрво поставете го степенот за возење наназад, притиснете го копчето за помош при паркирање и со помош на прекинувачот за поставување на ретровизорите поставете ја насоката во која треба да се придвижи приколката. Вашиот Volkswagen сега управува автоматски, додека понатаму за менувањето степени, забрзувањето и сопирањето сте одговорни Вие. Значи во секое време ја задржувате контролата. 

Close