VW PASSAT: CAR-NET "GUIDE & INFORM" 

Интернетот во автомобилот кај Volkswagen се вика Car-Net. Зад тоа стојат служби, практични услуги и апликации што Ви помагаат. Пакетот на Car-Net услуги "Guide #Inform"¹ Ви е достапен заедно со функцијата за навгација "Discover Media". Со поврзувањето на интернет можете да користите податоци, чијашто актуелност е секогаш загарантирана. Доколку на пример на некое место се создава или прекинува застој, ќе дознаете онлајн речиси веднаш. Особено комфорно: Вашата рута соодветно автоматски се прилагодува.

Оставете го Car-Net да ги побара можностите за Ваш попатен одмор и со онлајн пребарувањето на посебните цели откријте многубројни атрактивни ресторани. Исто така, можете брзо да најдете и други посебни цели што би биле интересни за Вас. Било да е хотел, бензинска станица или ново отворено кино: секогаш ажурираните податоци од интернет се грижат за возбудливи и корисни откритија.

Со "Guide & Inform Plus", којшто можете три години бесплатно да го користите заедно со системот за навигација "Discover Pro", дополнително Ви се олеснува ориентацијата, бидејќи на тој начин имате пристап до сателитските слики и деталните Google Earth® снимки.

 

Noch mehr Infos zu Car-Net

 

 

1) За користењето на мобилните онлајн услуги (Car-Net) потребен Ви е мобилен краен уред (на пр. паметен телефон), којшто може да делува како WLAN Hotspot. Car-Net услугите се достапни само со постоечки или одделно склучен договор за мобилната мрежа помеѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа, а особено при користење во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Поради обемот на податоци што настанува во рамките на користењето на Car-Net услугите, задолжително Ви препорачуваме договор за паушална тарифа со Вашиот мобилен оператор! За користење на Car-Net треба да се склучи посебен договор со Volkswagen AG. Откако ќе му биде предадено возилото, клиентот има 90 дена време да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/Car-Net. Достапноста на Car-Net услугите може да се разликува во зависност од земјата. Овие услуги се достапни во текот на договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на измени во содржината. Подетални информации за Car-Net ќе добиете на www.volkswagen.com/Car-Net и кај Вашиот партнер за Volkswagen; информации за условите за тарифирање при користењето на мобилната мрежа кај Вашиот мобилен оператор.

Close