VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ПЕШАЦИ 

Системот за препознавање пешаци е проширување на системот за набљудување на околината "Front Assist" со City-функцијата за вонредно сопирање и е достапен заедно со опционалниот безбедносен пакет за Passat Highline со менувач со двојна спојка DSG. Со помош на два сензора во предниот дел на возилото, радар во решетката за ладење и камера во основата на ретровизорот, системот ја регистрира областа пред Вашиот Passat и регистрира на пример, ако некој пешак ненадејно стапне на коловозот. Веднаш Ве предупредува со акустички и оптички сигнал. Доколку во тој момент не притиснете на педалот за сопирање, ќе бидете предупредени за критичното растојание со притисок врз сопирачката. Истовремено се подготвува можно целосно сопирање, така што веднаш Ви е достапна максималната сила при сопирање. Доколку и тогаш не запрете, системот автоматски врши вонредно сопирање во рамките на своите граници. На тој начин, во идеален случај може сосема да се спречи судир или барем да се намали неговата тежина. 

Close