VW PASSAT: КЛИМА-УРЕД "CLIMATRONIC" 

Клима-уредот "Climatronic" со регулирање на температурата во три зони им овозможува како на возачот и совозачот, така и на патниците на задните седишта, да ја поставуваат посакуваната температура независно едни од други. Дополнителните контролни елементи одзади им овозможуваат на патниците во задниот дел да ја регулираат топлината, доводот и распределбата на воздух. Индиректниот режим на вентилација напред придонесува за поголемо струење на воздухот. Ако се постави степен за возење наназад или се активира чистењето на стаклата, Climatronic автоматски се префрла на режим на затворена циркулација. Со тоа се избегнуваат мирисите што доаѓаат однадвор. Во Passat Highline уживајте во овој сериски комфор, за другите варијанти на опреми клима-уредот "Climаtronic" можете да го нарачате по желба.

Close