VW PASSAT: VOLKSWAGEN MEDIA CONTROL 

Volkswagen Media Control е достапна како посебна опрема за Passat. Во оваа апликација за Вашиот таблет-PC се кријат фасцинантни можности, од коишто особено профитираат патниците во задниот дел на возилото: можете удобно да си ја изберете музичката програма и преку WLAN да имате пристап до другите функции на исто така опционално достапниот систем за навигација "Discover Pro". На пример, целите од адресарот на таблетот можат да се префрлат на системот за навигација и пребарувањето на рутите и на интересните дестинации да стане уште поедноставно со помош на Google®. Дополнителен комфор нуди и по желба достапниот држач за таблет, којшто на уредот може исто така да му обезбеди напојување.

Close