VW PASSAT: МОТОРИ 

Благодарение на Common-Rail технологијата, TDI моторите на Volkswagen се грижат за максимално активирање на силата при ниска потрошувачка. Возилата од оваа генерација на дизел мотори работат со директно вбризгување и турбо полнење. Притоа, дизел горивото динамично се распрскува преку летва за распределба. TDI моторите се одликуваат со штедливост, голема влечна сила и моќност. Благодарение на големиот вртежен момент, агрегатите помагаат за спортски начин на возење. Освен тоа, тие работат особено тивко.

Иновативните TSI бензински мотори на Volkswagen имаат висока моќност со голема влечна сила  при ниска потрошувачка. Со нивната комбинација од мал простор за мотор, турбо полнење и директно вбризгување се овозможува рамномерен развој на силата и одлична ефикасност. За таа цел Volkswagen ја користи Downsizing техниката. Тука, погонските делови  и покрај споредливо малиот простор за мотор создаваат голема моќност. Оваа техника во производството на автомобили моментално се вбројува меѓу најефикасните можности за заштеда на гориво.

Врвен перформанс на палетата мотори претставува и досега најсилниот дизел мотор со четири цилиндри на Volkswagen. И покрај моќноста од 176 kW (240 КС), TDI SCR 4MOTION убедува со просечна потрошувачка од само малку повеќе од 5 литри на 100 km. А благодарение на 4MOTION можете да се израдувате на извонредната тракција: BiTurbo моторот со 500 Nm вртежен момент ги покренува сите четири тркала.

 

Close