VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ВО УПРАВУВАЊЕ ПРИ ПАРКИРАЊЕ "PARK ASSIST" 

Го собира ли Вашиот Passat во празното место за паркирање или не? По желба достапниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" со своите сензори уште при возењето врши мерење на двете страни од улицата и за Вас го пронаоѓа вистинското место за паркирање. Доколку тогаш го вклучите трепкачот, системот препознава на која страна од улицата сакате да се паркирате и го започнува процесот. "Park Assist" автоматски управува при надолжни и попречни места за паркирање и го управува возилото во рамките на границите на системот и во мал измерен простор за паркирање. Вие го преземате додавањето гас и сопирањето. Практичниот систем за помош исто така му помага на Вашиот Passat повторно да излезе од надолжното место за паркирање. Но, вие секако во сите ситуации ја имате контролата врз возилото.

Close