VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА ПРОАКТИВНА ЗАШТИТА НА ПАТНИЦИТЕ 

Системот за проактивна заштита на патниците може - во рамките на системските граници - да препознае ситуации на опасност со поголем потенцијал за незгода и автоматски да воведе мерки на претпазливост. На тој начин, по потреба автоматски се затвораат речиси до крај прозорците и лизгачкиот покрив, за да се оптимира делувањето на воздушните перничиња за глава и страничните воздушни перничиња. Во дел од секундата истовремено посилно се затегнуваат и предните сигурносни појаси, а возачот и совозачот се фиксираат. Кога ќе помине опасноста, појасите се разлабавуваат и страничните стакла и лизгачкиот покрив можат повторно да се отворат. Системот за проактивна заштита на патниците за Passat Variant сериски го добивате за Passat од линијата на опрема "Comfortline".

Close