VW PASSAT: СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ЗАСТОЈ 

Опционалниот систем за помош при застој користи докажани функции како што се автоматското регулирање на растојанието ACC и системот за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist", за да овозможи комфорно возење во колона при застој. На тој начин, Вашиот Passat при брзина од 0 до 60 km/h го следи возилото кое вози пред него и самостојно управува со гасот и сопирачката во рамките на системските граници. Притоа возилото се одржува во лента. Системот за помош при застој помага при стресен Stop-and-go сообраќај и на овој начин може да помогне да се избегнат типични незгоди кога има застој.

Системот за помош при застој заедно со безбедносниот пакет за Passat Highline е достапен заедно со менувачот со двојна спојка DSG.

 

Close