VW PASSAT: ПОДГОТОВКИ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН 

Повеќе нема да пропуштите ниту еден разговор, а сепак ќе останете сконцентрирани на сообраќајот. За удобно телефонирање за време на возењето се грижат опционалните интерфејси за телефон. Тие нудат особено висок квалитет на говор: благодарение на дигиталниот процесор за говорење, висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел од покривот и сопствените звучници на возилото. Со поврзувањето на надворешната антена, приемот е оптимален дури и во критична мрежна покриеност. Во изведбата Comfort, Вашиот мобилен телефон се поврзува со надворешната антена преку индуктивно поврзување на антената во средишната конзола.

Во варијантата Premium можете и надвор од автомобилот да ги префрлите започнатите телефонски разговори на уредот за разговор со слободни раце преку Bluetooth - предуслов за тоа, Вашиот паметен телефон да е компатибилен за Bluetooth® и да поседува remote SIM Access Profile (rSAP). Ракувањето се врши преку говорно користење, со помош на повеќефункцискиот управувач или преку Infotainment системот. Алтернативно, можете да ставите и дополнителна SIM-картичка со тарифа за податоци во влезот на Вашиот Infotainment систем.

 

Noch mehr Infos zur Mobiltelefonie von Volkswagen

Close