Start Video
Дизајн и опрема Новиот Polo: со својот јасен стил и елегантни линии постигнува совршен баланс помеѓу модерниот дизајн и функционалноста. Своите љубители ги освојува со удобните, безбедни и современи карактеристики. На кратко: ќе уживате во возењето на Polo.
Галерија со слики
Инфотејнмент Без разлика дали траба да направите повик додека возите, барате моментални информации за сообраќајот, сакате да стигнете на некоја дестинација користејќи го системот за навигација или едноставно сакате да слушате музика - Вашиот Polo Ви нуди различни опции за користење на модерната технологија на лесен и едноставен начин.
Системи за помош Интелигентните помошни системи за возачот во Вашиот Polo овозможуваат зголемена удобност при возењето и може да Ви помогнат полесно да се справите со критични ситуации, па дури и да ги избегнете. Дури и ако не секогаш ја забележувате оваа технологија, посигурни сте кога знаете дека ја имате.
Комфор Ќе бидете зачудени колку удобно возење нуди новиот Polo. На подолги патувања, сега можете удобно да седите и да се грижите за Вашиот грб, благодарение на удобната опрема. Засебно поставете ја претпочитаната внатрешна клима, благодарение на опциониот систем за климатизација „Климатроник“.
Ви овозможува прецизно да ги видите информациите кои Ви се потребни.
Активен информативен дисплеј
Аналогното е веќе застарено. На барање, традиционалниот цевчест дисплеј може да го замените со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот модерен кластер на инструменти на Активниот информативен екран Ви дава многу повеќе информации од само брзина и мерач на гориво.