Заштитете ги главите и на патниците на задното седиште.

Завесно воздушно перниче

Сите сме запознаени со конвенционалните воздушни перничиња веќе подолг период. Тие претежно го штитат возачот и совозачот во случај на фронтален удар. Завесното воздушно перниче во новиот Polo е странично воздушно перниче, кое се активира од тапацирот на плафонот, наместо како завеса. Кога е активирано од удар, тоа ги покрива сите странични прозорци на предниот и задниот дел, како и столбот Б. Тоа не ги штити само главите на возачот и совозачот, туку и главите на патниците на задното седиште. Се разбира, во новиот Polo ги има две - вградени како стандард и без доплата.

Предна асистенција со градско итно сопирање и препознавање пешаци

Возите најдобро... од растојание.

Ризикот од судир одзади е значително помал ако одржувате растојание. Сепак, понекогаш и неочекуваното може да се случи. Од корист може да Ви биде системот за следење "Предна асистенција", вклучувајќи Градско итно сопирање, вградено како стандард. Ако се препознае ризик од критичен судир, "Предната асистенција" емитува звучно и визуелно предупредување до возачот и се подготвува за евентуално сопирање во итен случај. ¹ "Предната асистенција" му помага на возачот и за време на вистинското сопирање, обезбедувајќи максималната сила на сопирање да е применета каде што е најпотребно. Ако возачот не ги употреби сопирачките, системот автоматски го активира процесот на сопирање со цел целосно да се избегне судирот или да се намали брзината на ударот.

 

¹ Во рамките на ограничувањата на системот.

Ви помага подобро да ги заштитите пешаците.

Препознавање пешаци

Еден пешак ненадејно зачекорува на патот - како возач Вие треба брзо да реагирате. Препознавањето пешаци, стандардно кај секој Polo Ви помага притоа. ¹ Прво, системот ја препознава ситуацијата за момент. Веднаш ќе бидете предупредени со звучен и визуелен сигнал. Ако не ја притиснете

сопирачката, за критичното растојание ќе бидете информирани со стисок на сопирачките. Истовремено, се подготвува можно итно сопирање, така што максималниот притисок на сопирачките Ви е веднаш достапен. Ако и понатаму не сопрете, системот автоматски ќе изврши итно сопирање. Идеално, ова ќе спречи судир, или барем ќе ја намали неговата сериозност.

Препознавањето пешаци е подобрување на стандардниот систем за следење "Предна асистенција" со Градско итно сопирање.

 

¹ Во рамките на ограничувањата на системот.

На тој начин сте автоматски подготвени за итни случаи.

Проактивен заштитен систем за патници

Проактивниот заштитен систем за патници е достапен како опција кај Polo. Препознава опасни ситуации со зголемен ризик за несреќа и автоматски презема мерки на претпазливост ¹. На пример, прозорците и подвижниот кров се затвораат оставајќи мал отвор за да се оптимизира ефектот на горните и странични воздушни перничиња. Предните безбедносни појаси се затегнуваат за делови од секундата, а возачот и совозачот се безбедно задржани. Откако опасноста ќе помине, појасите се олабавуваат, а страничните прозорци и лизгачкиот кров можат повторно да се отворат.

 

¹ Во рамките на ограничувањата на системот.

Close