Покажете самосвесност.

Надворешен дел

Новиот дизајн на Polo поставува нови стандарди во спецификациската линија Trendline. На прв поглед сте привлечени кон виорната линија: истакнатиот дизајн на линиите се протега од предните странични панели вдолж стандардните четири врати и задната страна на новиот Polo. Ова создава јасна контура која асоцира на прогресивна динамика. Освен новите светла на предната страна и новите светла на задниот дел, изгледот вклучува LED дневни светла со автоматска контрола на предните светла, LED светло на регистарските таблички и 14-инчни челични тркала со раткапни.

Спецификациската линија Comfortline на Polo располага со 15-инчни челични тркала со раткапни, браници во боја и обоени странични ретровизори и рачки на вратите. Надворешните ретровизори, кои се електрично прилагодливи и со грејачи, обезбедуваат дополнително ниво на удобност.

Ако сте од оние луѓе кои ја ценат спортската надворешност на возилото исто колку и неговата удобност, несомнено,  спецификациската линија Highline на Polo е токму за вас. Хромираните ленти околу браникот и темноцрвените кластери на задни светла го потенцираат спортскиот елегантен изглед и совршено го надополнуваат дизајнот. 15-инчните алуминиумски тркала "Salou"на Вашиот нов Polo се стилски и извонредно го комплетираат целокупниот впечатлив изглед.

Close