Скршнете само ако вреди.

Навигација

Може да вреди навигацискиот систем да го вклучите дури и за правци кои ги знаете од А до Ш - со "Guide & Inform Basic" од Авто-мрежата. Оваа услуга ги користи најновите податоци од интернет и може да Ве предупреди во рана фаза за сообраќајни метежи и пренасочувања. Или можеби ќе откриете ново кафуле или ресторан со пребарување на интернет точки од интерес (POI). Функцијата "Guide & Inform Basic" од Авто-мрежа е бесплатна опција во првата година.

Опционата функција за навигација "Discover Media" има стаклен екран во боја од 20,3 см (8 инчи). Работењето со него е пријатно и интуитивно, а можете да го користите и со помош на таблет од задното седиште - благодарение на апликацијата "Volkswagen Media Control".

И не заборавајте: со радио, ЦД уред со MP3/WMA и USB влезови, два читачи на SD картички, Bluetooth конекција и шест звучници, гарантирана Ви е извонредна забава. Дали често патувате низ Европа? Ако е така, ќе бидете идеално опремени за Вашите следни патувања со картата за навигација на Европа зачувана на SD картичката. Друга идеална функција: распоредот на екранот најгоре на контролната табла со цел да се овозможи ергономска работа и поголема видливост.

Close