Систем за предупредување при паркирање и Монитор за преглед на просторот зад возилото

И ушите може да Ви помогнат при паркирањето.

Уште колку простор имам? Опциониот систем за предупредување при паркирање користи звучни сигнали за поедноставување на паркирањето во тесни места за паркирање. Сензорите на предниот и задниот дел Ви помагаат. Системот користи звучни сигнали и графички приказ на екранот на Инфозабавниот систем за да Ве предупреди кога има пречки. ¹

Нова компонента на системот за предупредување при паркирање е сопирањето при маневрирање. Кога враќате назад со брзина до 10 км/ч, системот може да отпочне постапка за итно сопирање за да избегне судир или да ја ублажи неговата сериозност. Кога се движите напред, можете да го активирате сопирањето при маневрирање со притискање на копче. Возилото автоматски сопира доколку има пречка пред него, а Вие не реагирате на звучните предупредувања што ги емитира системот за предупредување при паркирање. Практичниот систем за предупредување при паркирање и сопирањето при маневрирање се вклучени како стандардна опрема во спецификациската линија Highline.

Опциониот "Монитор за преглед на просторот зад возилото" Ви овозможува да внимавате на околината кога враќате назад: просторот зад возилото покриен со камерата се прикажува на екранот на Инфозабавниот систем.  "Мониторот за преглед на просторот зад возилото" ги нагодува и линиите водичи на екранот, и на тој начин може да ви помогне правилно да го процените растојанието.

 

¹ Во рамките на ограничувањата на системот.

Дали и понатаму го вртите управувачот или возилото Ви е веќе паркирано?

Помош при паркирање

Опциониот систем "Помош при паркирање" врши уште поголема работа: ги мери обете страни на улицата додека возите по неа, со што го пронаоѓа идеално место за паркирање. Растојанието од работ на патот може да биде помеѓу 0,5 и 1,5 метри, со максимална брзина од 40 км/ч. "Помошта при паркирање" автоматски го насочува Вашето возило во паралелни места за паркирање или паркиралишта, но и го води возилото во тесни места за паркирање - и надвор од паралелни места за паркирање .¹ Вие само забрзувате, менувате брзина и сопирате, функцијата за сопирање при маневрирање е вклучена во Помошта при паркирање. Ако системот регистрира пречка зад автомобилот и Вие не реагирате на звучното предупредување од системот за предупредување при паркирање, сопирањето при маневрирање спречува судир со помош на автоматското сопирање.

 

 

¹ Во рамките на ограничувањата на системот.

 

 

Close