Заштитете ги и главите на Вашите сопатници во задниот дел.

Воздушно перниче за глава

Конвенционалните воздушни перничиња веќе долго време ги знаете. Тие главно ги заштитуваат возачот и совозачот при фронтален судир. Воздушното перниче за глава во новото Polo е странично воздушно перниче, кое се отвора од внатрешниот дел на покривот како завеса. Активирано при судир, тоа ја покрива целата странична област на стаклата напред и назад, како и B столбот. Притоа не само што се заштитуваат главите на возачот и совозачот, туку и главите на патниците на надворешните седишта на задната клупа за седење. Се разбира дека во новото Polo има две такви воздушни перничиња - сериски и без доплата.

Ви помага подобро да ги заштитите пешаците.

Систем за препознавање на пешаци

На коловозот непосредно се појавува пешак - како возач на автомобил морате брзо да реагирате. Серискиот систем за препознавање пешаци Ви помага во тоа.¹ Иницијално системот може многу брзо да ја препознае ситуацијата. Потоа ќе бидете веднаш предупредени со акустичен и оптички сигнал. Доколку сега не притиснете на сопирачката, ќе бидете предупредени за критичното растојание со тресење на сопирачката. Истовремени се подготвува можно целосно сопирање, веднаш штом на располагање Ви стои максималната сила за сопирање. Доколку и понатаму сè уште не сопирате, системот автоматски извршува вонредно сопирање. На тој начин во идеален случај може целосно да се избегне судир или во најмала рака да се намали неговата тежина.
Системот за препознавање пешаци е проширување на серискиот систем за надзор на околината "Front Assist" со City функција за вонредно сопирање.

 

Со тоа автоматски ќе бидете подготвени за итниот случај.

Проактивен систем за заштита на патниците

Проактивниот систем за заштита на патниците за Polo можете да го добиете по желба. Тој може да препознае ситуации на опасност со зголемен потенцијал за незгода и автоматски да преземе мерки за претпазливост¹. На тој начин прозорците и лизгачкиот покрив во даден случај автоматски се затвораат скоро целосно за да се оптимира ефективноста на воздушните перничиња за глава и страничните воздушни перничиња. За делови од секундата истовремено се затегнуваат предните сигурносни појаси и се фиксираат возачот и совозачот. Доколку се избегне опасноста, појасите се разлабавуваат и страничните стакла и лизгачкиот покрив можат повторно да се отворат.

Затвори
Затвори мени

Polo.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team