Интернетот во автомобилот кај Volkswagen се вика Car-Net. Во него има услуги,
практични услуги и апликации за помош. Пакетот на услуги Car-Net "Guide &
Inform"¹ по желба Ви стои на располагање заедно со достапниот систем за навигација
"Discover Media". Со поврзување на интернет можете да користите податоци, чија
актуелност тешко може да се надмине. Доколку на пример, некаде се создаде или се
разреши застој, тоа ќе го дознаете онлајн во најскоро време. Особено комфорно:
Вашата рута соодветно автоматски се приспособува.
Оставете Car-Net да пребарува можности за застанување и со онлајн пребарувањето на
посебни цели откријте многубројни атрактивни ресторани. Можете брзо да пронајдете и
други посебни цели кои Ви се интересни. Без разлика дали е тоа хотел, бензинска
станица или ново отворено кино: податоците од интернет се грижат за таквите
возбудливи и корисни откритија.
Опционалниот App-Connect Ви овозможува Вашиот паметен телефон удобно да го поврзете
со опционалниот радиосистем "Composition Media" (сериски кај Highline) или со
навигацискиот систем "Discover Media" којшто можете да го добиете по желба. На тој
начин ќе ракувате со избраните апликации од Вашиот мобилен телефон со помош на
екранот на допир. Сепак предноста не е само во едноставното ракување: голем број
апликации можат да обработуваат информации кои се ставени на располагање од
возилото за да Ви се понудат дополнителни корисни и забавни функционални
решенија.
Volkswagen исто така нуди три интерфејси за поврзување на паметни телефони со многу
можности: MirrorLink®, Android Auto™ на Google и Apple CarPlay™. На
www.volkswagen.at/mobiltelefon можете да проверите со кои од наведените технологии
е компатибилен Вашиот мобилен телефон. Ве молиме исто така имајте предвид, дека
некои апликации не се нудат за секоја од трите технологии и дека достапноста на тие
технологии во зависност од земјата може да биде различна.