Опционалниот клима-уред "Climatronic" (серија Highline) нуди двозонско регулирање на температурата, којашто може засебно да се постави за страната на возачот и на совозачот. На тој начин, секој ќе си ја постави идеалната температура за патување. А Climatronic може уште многу повеќе: Бројот на вртежи на вентилаторот се регулира зависно од брзината и поради тоа работи малку потивко при ниска брзина. Ако го активирате чистењето на стаклата или поставите степен за возење наназад, се врши автоматско префрлување на режим на затворена циркулација на воздух за во возилото да не навлезат непријатни мириси.